Oдржан натпревар за ,,Медиумска писменост и дезинформации“


Објавено на: 24.02.2022

Фондацијата „Идеја – Југоисточна Европа“ и „Види Вака“од Скопје работат на  проект „ Медиумска писменост и дезинформации“. Во активностите за реализација на проектот вклучени се повеќе активности меѓу кои и проектот „Од дезинформирани до силно информирани-критичка имунизација“ .

 За таа цел беа вклучени осум средни училишта од нашата земја. Се организираа обуки, како за учениците така и за нивните ментори уште од минатата година, а завршната активност беше реализирана на 19.02. 2022 г.

Целта на проектот е учениците да се информираат и да научат нешто повеќе за новинарството и информациите кои излегуваат во медиумите. Обуките кои беа организирани им помогнаа на учениците како треба да се разликуваат информациите кои секојдневно излегуваат во многу медиуми и колку се вистинити.

За крај на реализирање на овој проект беше изработена една интересна игра т.н „ СПИНОКИО“која имаше за цел низ игра и забава учениците  да ги  одберат точните  медиумски информации.

За реализација на финалната активност на проектот требаше да се организира селективен натпревар помеѓу учениците кои беа пријавени и учествуваа во проектот. Од нашето училиште учествуваа учениците од II-4 и II-5 клас.

Од II- 4 клас учествуваа: Катерина Јованова, Теона Јованова, Ангела Василова и Наталија Лазова, а од II-5 клас учениците: Ивана Илова, Благица Сивакова, Кирил Топчиев и Марија Ванчева. Прво и второ место освоија учениците Благица Сивакова и Кирил Топчиев од II- 5 клас и се пласираа на финалниот натпревар.

Финалниот натпревар се одржа на 19.02.2022 г во Скопје. На завршната активност учествуваа уште седум други училишта од Македонија. Првопласираниот ученик од нашето училиште Благица Сивакова, под менторство на проф. Богде Коцева, го освои третото место.

Честитки на сите ученици, нивните ментори и организаторот на овој прекрасен настан Фондацијата „ Идеја ЈИЕ“ и „ Види вака“ од Скопје.