Одржан општински натпревар по англиски јазик


Објавено на: 18.03.2017

На ден 18.03.2017 год. се одржа општински натпревар по англиски јазик за средни училишта за учениците од II година во ОУ Димче Ангелов-Габерот, Демир Капија. Натпреварот беше организиран од страна на Асоцијацијата на наставници по англиски јазик и книжевност на Република Македонија –ЕЛТАМ која што е акредитирана од МОН за организирање и спроведување на натпревари по англиски јазик. На овој натпревар учество земаа учениците од II година при СОУ Гимназија Добри Даскалов – Кавадарци под менторство на Донка Лалкова, професор по англиски јазик. Учениците ги постигнаа следниве резултати:

I (прво) место – Натали Илиоска II-3

II (второ) место – Јован Камчев II-5

III (трето) место – Дарко Богевски II-4

Истите ученици ќе земат учество на регионалниот натпревар на 08.04.2017 год.

angliski-opstinski