Одржана Првата конститутивна седница на Ученичкиот парламент

       По изборот на класни заедници кој се изврши во текот на месец септември, на ден 14.10.2021 година (четврток) се одржа Првата конститутивна седница на  Ученички парламент во учебната 2021/2022 година. Поради епидемиолошката ситуација предизвикана од кризата со Ковид 19 првата седница се одржа online на платформата Тeams. На Првата конститутивна седница  присутните беа запознати со функцијата и структурата  на Ученичкиот парламент, како и за начинот на избор на претседател и заменик претседател на Ученичкиот парламент во нашето училиште.

       Седницата ја водеше ученичката Драгана Гајиќ од III6 клас, а на седницата присуствуваа наставници и членовите на Ученичкиот парламент.