Традиционално како и секоја година, така и оваа учебна година се одржаа училишен и регионален натпревар по информатика – од областа на програмирањето, во организација на Здружението на информатичари на Македонија – ЗИМ. Сите натпревари во рамките на овогодишниот циклус натпревари се спроведуваат преку системот МЕНДО.
Секое училиште имаше право да пријави тројца натпреварувачи на регионален натпревар, па затоа на 22.02.2017 поради поголем интерес на учениците во просториите на гимназијата Добри Даскалов беше одржан училишен натпревар кој имаше за цел да им овозможи на менторите да направат селекција на тројца претставници кои ќе го претставуваат училиштето на регионален натпревар. На училишниот натпревар учествуваа Страше Наумов III-1, Славе Темков IV-3, Борис Станоев IV-3, Иван Јосифовски IV-3, Јордан Мицковски IV-3, под менторство на проф. по информатика м-р Зоран Милевски и Виктор Кузманов III-3 и Ристе Милков III-3 под менторство на проф. по информатика Благородна Лазова.
XXV регионален натпревар по информатика се одржа на 4.3.2017 во два региони и тоа: ФИНКИ во Скопје, СУГС Гимназија „Раде Јовчевски – Корчагин“, Скопје и СОУ „Никола Карев“, Струмица. Нашето училиште се натпреваруваше во првиот регион на ФИНКИ во Скопје и беше претставувано од Славе Темков, Борис Станоев и Јордан Мицковски. Учениците добија пофалба за успешно учество и на Државниот натпревар што ќе се одржи на 1.4.2017 на ФИНКИ во Скопје поканети учесници од нашето училиште се Славе Темков и Јордан Мицковски. Им посакуваме успеси на натпреварите што следуваат.