Општински натпревар по биологија


Објавено на: 07.03.2019

На 23.02.2019 година во СОЗШУ „Ѓорче Петров”во Кавадарци се одржа Општинскиот натпревар по Биологија за учениците од средните училишта. Вкупно се натпреваруваа 48 ученици од нашата општина. Општинскиот натпревар беше одлично организиран од училиштето домаќин и се одвиваше без никакви проблеми. Им се заблагодаруваме на колегите за топлото гостопримство и одлично организираната активност и им посакуваме успешна понатамошна работа.

Учениците од нашето училиште СОУ Гимназија „Добри Даскалов”од Кавадарци и оваа година учествуваа во натпреварот и постигнаа одлични резултати. Оние ученици кои освоија награди и пофалници ќе продолжат да се натпреваруваат на Регионалниот натпревар кој ќе се одржи на 23.03.2019 година во Велес,а останатите ќе добијат благодарници за учество.

Им се заблагодаруваме на сите учесници и нивните ментори, им ги честитаме постигнатите резултати и им посакуваме понатамошни успеси.

Opstinski natprevar po biologija

Учесници и наградени беа следниве ученици:

Од I година: Дарио Стојчев oд I-1 (III награда), Благој Трајков од I-3 (III награда), Михаела Темелкова од I-5 (III награда), Аница Цветкова од I-4 (пофалница) , Магдалена Ризова од I-5 (пофалница) ,Маја Манева од I-4 (пофалница), Симона Темелкова од I-4(пофалница), Анастасија Лалкова од I-4 (учество), Павлинка Давчева од I-3 (учество), Јована Белевска од I-3 (учество) и Стефан Трајанов од I-5 (учество).

Ментор на учениците е професор Богде Коцева.

Од II година: Слободан Јовановиќ од II-3 (III награда), Тодорка Тодорова од II-2 (III награда), Мартин Гогов од II-5 (пофалница) , Вероника Каровска II-1(пофалница), Софија Маркова II-5 (пофалница), Рената Попова II-5(пофалница), Ивана Чиркова II-3 (учество), Пане Јосифов II-2 (учество), Татјана Панова II-4 (учество), Ангел Милков II-1 (учество), Димитар Манчев II-2 (учество).

Ментор на учениците е професор Елизабета Иговска.

Од III година: Македонка Бинова од III-5 (III награда), Габриела Ангелова III-3 (пофалница), Елена Спирова од III-3 (пофалница), Анастасија Иловска од III-2 (пофалница), Викторија Ѓорѓиева од III-5 (учество), Зоран Митревски од III-5 (учество), Марија Темелкова од III-5 (учество), Павлинка Тодорова од III-5 (учество), Магдалена Орешкова од III-5 (учество), Бегами Селмаод III-5 (учество), Саво Костадинов III-5 (учество) и Моника Крстева III-4 (учество) .

Ментор на учениците е професор Богде Коцева.

Од IV година: Павлинка Ташева од IV-4 (пофалница). Ментор на ученикот е професор Елизабета Иговска.