Општински натпревар по хемија


Објавено на: 06.05.2014

На 26 април 2014 година во гимназијата се одржа Општински натпревар по предметот хемија. На натпреварот учествуваа ученици од прва и втора година гимназиско образование.

Од прва година учествуваа следните ученици: Мукаетов Благој од 1-2 клас, Гечева Христина од 1-2 клас, Лазарова Даница од 1-2 клас, Темков Славе од 1-3 клас, Костадинова Даринка од 1-3 клас, Видиков Оливер од 1-5 клас, Коцева Марија од 1-5 клас и Крстевска Драгана од 1-5 клас. Ментор на учениците беше проф. по хемија Даница Пецова.

Од втора година учествуваа следните ученици: Витанова Невенка од 2-2 клас, Гогова Ивана од 2-5 клас, Грнева Теодора од 2-2 клас, Лазова Елена од 2-2 клас и Митевска Дијана од 2-2 клас. Ментор на учениците беше проф. по хемија Магдалена Убавкова.

На Регионалниот натпревар се пласираа следните ученици: Мукаетов Благој од 1-2 клас, Крстевска Драгана од 1-5 клас, Коцева Марија од 1-5 клас, Митевска Дијана од   2-2 клас, Грнева Теодора од 2-2 клас и Лазова Елена од 2-2 клас.

На учениците и на нивните ментори им посакуваме многу среќа и успех на претстојниот натпревар.