Општински натпревар по ракомет

На 17.11.2026 година, во организација на ОСУС – Кавадарци, во спортската сала „Јасмин“ во Кавадарци се одигра ракометен натпревар во категорија момчиња, во кој учество зедоа екипите на:

– Гимназија „Добри Даскалов“ – Кавадарци

– СОУ „Киро Спанџов – Брко“ – Кавадарци

Резултат:

Гимназија „Добри Даскалов“ – СОУ „Киро Спанџов – Брко“ 19:16

Честитки за двете екипи за прикажаната игра и спортски дух! Поуспешна беше екипата на Гимназијата „Добри Даскалов“, која го освои првото место и ќе го претставува Кавадарци на претстојните зонски натпревари.