Општинскиот натпревар во Прва помош


Објавено на: 29.04.2010

На 29.04.2010 година, во училишниот двор на нашата Гимназија се одржа Општинскиот натпревар во Прва помош, организиран од О.О. Црвен крст – Кавадарци.


Од основните училишта учествуваа: ООУ „Димката Ангелов – Габерот “, ООУ „Гоце Делчев“, ООУ „Тошо Велков – Пепето“ и ООУ „Страшо Пинџур“. Од средните училишта учество земаа училиштата СОУ „Киро Спанџов-Брко“ и СОУ Гимназија „Добри Даскалов“. 

PrvaPomos1
PrvaPomos2

За Гимназијата „Добри Даскалов“ се натпреваруваа три екипи. Учениците од трета година: Илиевски Бобан-лидер III-6, Кирова Маја III-6, Димов Борис III-6, Пендева Благица III-6, Младенов Кирил III-6 и Ѓорѓиев Васко III-6 клас го освоија I-то место. Оваа екипа ќе ги претставува и училиштето и градот на Државниот натпревар во Прва помош. 
II-то место заслужено го освоија ученичките од прва година: Ѓорѓиева Благица-лидер I-2, Темова Велика I-4, Рамнешова Ивона I-6, Петковска Моника I-2, Јошева Наталија I-6 и Ставрова Илинка I-2 клас. 
III-то место им припадна на учениците од втора година: Ајтов Трајче-лидер II-7, Кочов Борис II-7, Кицева Благица II-7, Јанева Дијана II-7, Колева Владанка II-7 и Камчев Филип II-7 клас. 

PrvaPomos3

Учениците од Гимназијата „Добри Даскалов“ уште еднаш ги потврдија своите умеења, знаења и вештини, стекнати под менторство на проф. Александар Јорданов, кој беше и главен координатор и организатор на натпреварот.