Освоени награди на Државниот натпревар по биологија


Објавено на: 18.05.2015

На ден 09.05.2015 година на Природно-математичкиот факултет во Скопје се одржа Државниот натпревар по биологија за средни училишта.
Учениците од нашата Гимназија учествуваа на овој натпревар и добија одлични резултати. 
Меѓу 200 учесници од средните училишта нашите ученици ги постигнаа следниве резултати:
1. Ристе Мицев од I-2 – пофалница за учество, под менторство на проф.по биологија Богде Коцева.
2. Јасна Манева од II-3 – III награда (диплома), под менторство на проф.по биологија Елизабета Иговска.
3. Симона Богева од III-1 – III награда (диплома), под менторство на проф.по биологија Богде Коцева.
На учениците им го честитаме успехот на Државниот натпревар и им пожелуваме уште многу успеси во нивното школување.