Освоени награди на натпреварите по информатика

Традиционално како и секоја година, така и оваа учебна година се одржуваат циклус натпревари по информатика од областа на програмирањето, во организација на Здружението на информатичари на Македонија – ЗИМ. Сите натпревари во рамките и на овогодишниот циклус натпревари се спроведуваат преку системот МЕНДО.

И оваа учебна година наши ученици се вклучија во циклусот натпревари по информатика. Најпрво, во просториите на гимназијата Добри Даскалов на 22 февруари (среда) беше одржан училишниот натпревар кој имаше за цел да им овозможи на менторите да направат селекција на претставници кои ќе го претставуваат училиштето на регионален натпревар. На училишниот натпревар учествуваа учениците Јордан Милков I-3, Антонио Еленов I-3, Благоја Василев I-3, Даме Тефов I-3, Анастасија Стојанова I-4, под менторство на проф. по информатика м-р Зоран Милевски, и Мајкл Георгиевски II-3, Стефан Милков II-3, Тодор Грозданов II-3, Блаже Бањански IV-2, под менторство на проф. по информатика Благородна Лазова.

XXIX регионален натпревар по информатика се одржа на 6 март 2020 год. (сабота) во повеќе региони, поради актуелната состојба со COVID. Еден од регионите како домаќин беше и нашата гимназија, како резултат на одличната соработка на нашето училиште и ЗИМ. Натпреврот се реализира според сите пропишани протоколи и упатства за заштита на здравјето на учениците. На овој натпревар нашето училиште како домаќин имаше право да пријави дополнително уште тројца ученици за регионален натпревар. На регионалниот натпревар учествуваа учениците Јордан Милков I-3, Благоја Василев I-3, Анастасија Стојанова I-4, под менторство на проф. по информатика м-р Зоран Милевски, и Мајкл Георгиевски II-3, Стефан Милков II-3, Блаже Бањански IV-2, под менторство на проф. по информатика Благородна Лазова. Стефан Милков осови III награда, додека останатите ученици се здобија со Пофалба за успешно учество.

По завршувањето на натпреварот учениците Стефан Милков и Мајк Георгиевски, според освоените поени беа поканети да учествуваат на Државниот натпревар кој што се одржа на 20 март 2020 година на ФИНКИ во Скопје. Мајк Георгиевски освои I место и I награда, додека Стефан Милков освои III награда.

Им посакуваме многу успеси на учениците во текот на натпреварите.

Дополнување: Ученикот Мајк Георгиевски, според постигнатите резултати од Државниот натпревар беше поканет да учествува на XXV Македонска (Јуниорска) Олимпијада по Информатика 2021 што се одржа на 23.04.2021 и се здоби со пофалница за учество.