Освоено III место на Меѓународен натпревар за веб дизајн 2021


Објавено на: 23.03.2021

Секоја година, така и оваа учебна година се одржува меѓународен натпревар по информатика од областа на програмирањето и веб дизајн, во организација на СУ “Кузман Шапкарев” Благоевград, Бугарија. Натпреварот се одржува во Бугарија во градот Благоевград, но поради пандемијата, оваа година се одржува на онлајн платформа, односно на Microsoft Teams.

Оваа учебна година наши ученици се вклучија во овој натпревар. Натпреварот беше одржан на 20 март на Microsoft Teams. На меѓународниот натпревар нашите ученици Стефан Трајанов III-5 и Трајче Мукаетов III-4 учествуваа во групен проект, под менторство на проф. по информатика м-р Зоран Милевски.

Учениците од нашето училиште изработија веб сајт на тема Вештачка Интелегенција и освоија награда за  III место на меѓународниот натпревар.

Веб сајтот може да го погледнете на следниот линк.