Освоено прво место на натпреварот за најдобар бизнис план во средните училишта


Објавено на: 27.11.2023

На јавниот повик за избор на најдобар бизнис план во средните училишта во општина Кавадарци, од нашата Гимназија „Добри Даскалов“- Кавадарци, учествуваа седум ученици кои постигнаа одлични резултати и тоа:

  • I награда: Благица Сивакова, Фросина Настова, Ивана Илова, Александра Јованова од IV-5 клас
  • III награда: Наќе Петридов и Кирил Топчиев од IV-5 клас
  • III награда:Владимир Костов од III-4 клас

Со постигнатите резултати учениците повторно покажаа дека нашето училиште се наоѓа на врвот, меѓу најдобрите училишта.