📍Отворен ден на Гимназија ,,Добри Даскалов”


Објавено на: 18.06.2024

Училиштето го посетија сите деветтооделенци од Општина Кавадарци и детално се запознаа со наставниот кадар, спецификите и предностите кои ги нудиме како училиште.

👉 Драги деветтооделенци,
На овој животен крстопат кога се соочувате со нова задача,со средношколското поглавје во животот, одберете мудро за да бидете дел од успешната приказна која има своја долга традиција и квалитет. Бидете гордост на нашето училиште.

Стани гимназијалец, добиј го најквалитетното образование, биди дел од големи успеси и исполнети соништа!!!