Почеток на нова интернационална соработка со средно училиште од Шведска


Објавено на: 26.11.2021

Во периодот од 23.-25.11.2021 во СОУ Гимназија „Добри Даскалов“ Кавадарци беа во посета професори од Средното училиште од Упсала, Шведска – професорот Rolf Johnny Dale и пом. директорката Hålldin Helene. За време на посетата, тие посетија часови по англиски јазик, информатика и историја. Се запознаа со македонскиот образовен систем и наставна програма, а го претставија и шведскиот. Исто така, разговараа и разменија добри практики со останатите професори од нашето училиште. Оваа посета претставува и почеток на нова интернационална соработка со училиште од Шведска.