Подготовка за нова интеркултурна размена во Швајцарија со ученици од нашето училиште
Објавено на: 03.12.2018
Со претстојното едукативно патување на нашите 8 ученици од Гимназијата „Добри Даскалов“ и супервизор од нашето училиште професорот по информатика Зоран Милевски во Троген – Швајцарија како интеркултурна размена во рамките на проектот „Имплементација на Конвенцијата на правата на детето во Македонија“, нашето училиште по 6ти пат ќе учествува на овој проект, а досега успешно имаат учестувано 9 групи на ученици.
За време на двонеделниот престој учениците учествуваат на работилници каде стекнуваат нови знаења. Покрај тоа тие се збогатуваат и со работни навики и самостојност со цел да можат да имаат организиран начин на живот. Секоја година интересот кај учениците е се поголем, а оние кои се избрани подоцна ги споделуваат своите искуства и впечатоци. Овие проекти се од особена важност за развивање на нови пријателства и вештини, ценење на природните убавини, како и осознавање и истражување на другите култури.
Се надеваме дека во иднина и нашиот град ќе може да спроведе иницијатива за остварување на слични работилници со цел на интересен начин да се развијат позитивни особености и навики со кои младите ќе можат да успеваат во животот.
На избраните ученици им посакуваме пријатен и успешен престој во Швајцарија.
Во продолжение се неколку линкови од досегашните размени и фотографии.
Избрани учениците кои ќе патуваат во Троген
Ученици од Гимназијата во Троген – Швајцарија
Се вратија учениците од Троген
Ученици од нашето училиште учесници на интеркултурната размена во Троген, Швајцарија
Пренесено знаењето и искуството стекнато на интеркултурната размена во Троген, Швајцарија