Показна вежба – Како да постапиме во случај на замјотрес или пожар


Објавено на: 19.10.2017

Согласно Планот за заштита и спасување од природни непогоди и други несреќи во СОУ Гимназија“ Добри Даскалов“ – Кавадарци, заради превенција, рано предупредување и справување со ризици и опасности кои ги загрозуваат нашите ученици, вработени и објекти, на ден 19.10.2017 во училишниот двор, со почеток во 9:30 часот, се одржа показна вежба практично ракување со ПП апарат. Учесници во вежбата беа заедно учениците и наставниците. Од секој клас беше присутен претседателот на училишната заедница, а од наставниците, оние кои немаа настава.

22690029 1143382462458622 2121962999 o

Пред учениците и наставниците беше објаснето како да се постапи во случај на земјотрес или пожар, како да се направи евакуација на учениците, вработените и зачувување на материјалните добра. Упатството за постапување во случај на пожар, пред присутните беше презентирано а потоа практично во присуство на стручно лице беа активирани ПП апаратите, а учениците и наставниците практично “гасеа пожар“ со ПП апарат.

 22643207 1143383649125170 1357895063 o

22664068 1143382885791913 1520890095 o

22690473 1143384619125073 2096189847 o