Посета на просториите на Музеј-Галерија Кавадарци


Објавено на: 11.03.2022

На ден 09.03.2022 година, учениците од клас III-6 и III-7 при СОУ Гимназија “Добри Даскалов” Кавадарци, во рамките на наставните часови по наставниот предмет “Македонски јазик и литература” со предметниот наставник Костадин Прокопов ги посетија просториите на Музеј-Галерија Кавадарци.
Етнологот виш кустос Томе Крстевски ги запозна учениците со обичајите и традицијата од периодот помеѓу двете светски војни.