XXX регионален натпревар по информатика


Објавено на: 09.03.2022

Програмирањето е важен дел од креирањето на критичкото размислување за секој ученик и развивање на идеја, постапка, односно алгоритам за решавање на одредена зададена задача. Затоа Гимназијата „Добри Даскалов“ секоја година учествува со свои ученици на натпреварите по информатика МЕНДО – од областа на програмирањето, во организација на Здружението на информатичари на Македонија – ЗИМ.

XXX регионален натпревар по информатика се одржа на 5.3.2022 во повеќе региони. И оваа година гимназијата „Добри Даскалов“ беше домаќин, па ученици од овој регион се натпреваруваа во просториите на училиштето.

На регионалниот натпревар учествуваа учениците Благоја Василев II-3, Даме Тефов II-3, Јордан Милков II-3 под менторство на проф. по информатика м-р Зоран Милевски и Мајкл Георгиевски III-2, Стефан Милков III-2, Александар Милков III-2, Бошко Бошков III-2 под менторство на проф. по информатика Благородна Лазова.

Според освоените поени и резултати учениците Јордан Милков, Благоја Василев и Мајкл Георгиевски, освоија трета награда, додека учениците Даме Тефов, Александар Милков, Стефан Милков и Бошко Бошков, добија пофалба за успешно учество.

На XXXIII државен натпревар по информатика што ќе одржи на 20.3.2022, поканети се да се натпреваруваат учениците Благоја Василев, Јордан Милков и Мајкл Георгиевски.

Им посакуваме успеси на учениците на натпреварите што следуваат.