И оваа година, на 28 и 29 септември во Сандански, Р.Бугарија традиционално се одржа манифестацијата ,,НЕ на наркотиците’’.
Манифестацијата ,,НЕ на наркотиците“ има натпреварувачки карактер и се состои од натпревар во трчање-крос, возење на велосипеди и цртање со порака на тема: „НЕ на наркотиците“.
За сите учесници беа доделени маици со мотото од манифестацијата, а беа доделени и награди за најдобрите.
По покана од страна на организаторите на оваа манифестација беа присутни и професори од гимназијата.
Гимназијата „Добри Даскалов“ и во иднина ќе ја продолжи долгогодишната соработка со гимназијата „Јане Сандански“ од Сандански – Р.Бугарија и со други активности.