Посета на ВВ „ТИКВЕШ“


Објавено на: 20.03.2017

Учениците од трета година од гимназијата Добри Даскалов во Кавадарци, кои ги следат предавањата по предметите Иновации и претприемништво, Економска географија предавани од професорот Фердинанд Чејков и Економија од професорката Жанета Делова, беа на пракса во посета на Винарската Визба Тиквеш на ден:15.03.2017 година.

Винарската визба Тиквеш АД Скопје е најголемата винарска визба во Македонија.

Почетоците на винарската визба „Тиквеш“ може да се најдат некаде кон крајот на 19 век кога повеќе угледни семејства од Тиквешијата започнале да создаваат вински подруми во кои се произведувале квалитетни вина во шишиња на чии етикети јасно се истакнува географското потекло на виното и така производството на вино продолжува до ден денешен.

17392203 10210675253175352 1652331131 n

17392025 10210675233854869 653645682 n

Учениците беа заинтересирани да ја посетат и архивата на стари вина која постои во Винарската Визба. Во 1956 била формирана винската архива на „Тиквеш“, како хроничар за одличните берби. Во оваа специјална просторија во винскиот подрум во Кавадарци се чуваат илјадници шишиња. Винската архива е создадена на иницијатива на Јосип Броз Тито кој по посетата на „Тиквеш“ бил убеден дека винарницата треба да чува стари вина од најдобрите берби, по примерот на најпознатите светски производители.

По осамостојувањето на Република Македонија, започнува и долготраен процес на приватизација на компанијата.

17352587 10210675260855544 942879074 n

17360527 10210675261535561 974198195 n

Винаријата е приватизирана во 1995 година. Во 2003 година, инвестициската група „М6“ ја купува винарската визба „Тиквеш“ и започнува со реализација на обемен инвестициски циклус за целосна модернизација на винарницата. Особено внимание се посветува на унапредување на процесот на производство во целина, од одгледувањето на грозјето, бербата, па сè до добивањето на финалниот производ. Целокупната развојна стратегија се насочува кон зголемување на квалитетот на виното. Почнува да се инвестира во проширување на производственото портфолио со воведување на нови серии вина како Special Selection и Александрија куве.

17409474 10210675266975697 989295148 n

17392776 10210675250255279 1367323939 n

Винарска визба Тиквеш АД Скопје е компанија која работи на производство на вино и тиквешка жолта ракија. Винарската Визба е богата со традиција, со најсовремена технологија за преработка на грозјето и негово претворање во квалитетни вина кои се препознатливи на светските пазари.

Во ТИКВЕШ годишно се преработуваат 55 милиони грозје, и се произведуваат околу 35 милиони литри вино. Нивниот асортиман опфаќа 24 видови вино, вклучувајќи црвени и бели вина, квалитетно и специјално одбрани типови вина. Вината на ТИКВЕШ се присутни на пазарите во Србија, Црна Гора, Хрватска, Босна и Херцеговина, Албанија, Европската унија, Русија, Украина, САД, Канада и Австралија.

Во 2015 и во 2016 година, винарската визба „Тиквеш“ била прогласена за наградата „Најкомпанија на годината“ која ја доделуваат Регионалната канцеларија за Југоисточна и Средна Европа на Европското здружение на менаџери и списанието „Еуроменаџер“.

17392730 10210675266855694 509523653 n

17393146 10210675251335306 1129379798 n