Постигнувања на натпреварите по физика на учениците од нашата Гимназија ,,Добри Даскалов,,


Објавено на: 17.05.2022

На 30.4.2022 на  ПМФ Физика се одржа  Државниот натпревар по физика  на кој земаа учество ученици од нашата Гимназија.

Постигнувањата се резултат на нивната континуирана работа, трудољубивост, љубов кон физиката и нивниот интелект.

Ученикот Георгиевски Мајкл од трета година освои прво место.

Ученикот Бошков Бошко од трета година освои третоместо.

Ментор на овие двајца ученици е професор Крстева Кристина.

Ученикот Христијан Петров од четврта година доби пофалница за успешно учество на овој натпревар.Негов ментор е професорот Атанасов Живко.

Исто така ученикот Георгиевски Мајкл по одржаниот селекционен натпревар за Европската Олимпијада по Физика влезе во тимот од 5 ученици кои ќе ја преставуваат нашата држава .

Европската олимпијада ќе се одржи во Љубљана во Словенија од 20 мај до 24 мај 2022 година.

Треба  да се нагласи дека Мајкл Георгиевски минатата година влезе во тимовите кои ја преставуваа нашата држава на Европската Олимпијада по Физика , на Меѓународната Олимпијада по физика  и на Балканската Олимпијада по Физика.

На Европската Олимпијада по физика доби награда за успешно учество , а на Меѓународната Олипијада по физика доби пофалница за успешно учество.

Мајкл Георгиевски  на Балканската олимпијада по физика која се одржа на 25.9.21 освои сребрен медал.  (Линк до Друштвото на физичари www.dfrm.org  )

Да му посакаме на овој брилијантен ученик успешно учество на претстојните натпревари по физика.