Дологодишната соработка на размена на ученици со Гимназијата „Курт Николин“ од Финспанг, Шведска продолжува и оваа година


Објавено на: 10.05.2022

Во периодот од 26. април до 05. мај 2022 год. Гимназијата „Добри Даскалов“ Кавадарци ја посетија ученици од Гимназијата „Курт Николин“ од Финспанг, Шведска под водство на проф. Златко Каров. Активностите почнаа со презентирање на презентации за двете училишта и говор за добредојде на Директорката на Гимназијата Јасминка Чулева.

Потоа заедничките активности продолжија на спортските терени на училиштето каде учениците учествуваа во спортски игри. Во заедничките активности учествуваа и ученици од нашето училиште.

Во рамките на проектот за размена на ученици, учениците од двете училишта посетија и истражија неколку локации значајни за градот и училиштето, за што изработија и видео-презентации за истите. Овие продукти од имплементацијата на проектните активности беа презентирани на завршен настан во Гимназијата „Добри Даскалов“ Кавадарци при што беа претставени пред учениците и професорите од нашето училиште.

Оваа средба е само дел од долгогодишната соработка помеѓу двете училишта која ќе продолжи и понатаму во иднина.