На 18.10. 2017 год. (среда) во 13 часот во просториите на гимназијата „Добри Даскалов“ се одржа презентација и дисеминација пред професори од училиштето и се споделија искуствата во рамките на учеството на нашата гимназија во Еразмус+ проектот „Развивање дигитални средини за учење за училиштата во Европа“ (DIGITeachEUrope – Developing digital learning environments for schools in Europe).
На почетокот се презентираа планирањето на проектот, методологија на имплементација на проектот во наредниот период, начинот на комуникација помеѓу партнерите во проектот и изработувањето на продуктите од целите на проектот.
Се сподели евалуацијата на сегашната состојба на училиштата во однос на методи на предавање, инфраструктура и технологија применета во училиштата и предлозите за подобрување на сегашната состојба.
Во делот на методи на работа се дискутираше за SAMR модел, 4 Cs од моделот за учење на 21. век и концептот на Prof. Wahl за ефективно предавање и учење.
Еден од важните чекори за подобрување на процесот на учење е добивањето на повратна информација од учениците, па поради тоа беа презентирани и алатки коишто наставниците можат да ги користат во процесот на едукација.
Се дискутираше за ИКТ алатки во училницата Padlet, Prezi, Edmodo, eTwinning, Mindomo, Moodle, Classroom screen, Аnswergarden, Deepl, Say Hi, Google translate, GoogleDocs, Adobe spark video, Pixabay, Touchcast, Cam studio, Edkimo, Kahoot, Plickers, Surveys и Aurasma.
Практична демонстрација беше направена со алатките Kahoot и Plickers картичките за одговори на поставени прашања.