Презентација на Американската Амбасада по повод месецот посветен на превенција на трговијата со луѓе
Објавено на: 28.01.2013
На 23 јануари 2013 година Американската Амбасада реализира посета во нашето училиште и организира едночасовна презентација за одбележување на месецот посветен на превенција на трговијата со луѓе. Претставници од Амбасадата на САД во Македонија, поточно г-динот Spencer Fields, заедно со уште неколку панел дискутанти направија презентација на оваа тема пред учениците од III година и уште неколку наставници. Учениците и наставниците беа заинтересирани и заедно со гостите дискутираа за прашања од оваа тема.