Второ место на државниот натпревар во скијање


Објавено на: 10.02.2013

И оваа учебна година на 8 февруари 2013 година во Битола на Пелистер се одржа државниот натпревар во скијање.

Голем број ученици се обидоа да ги покажат своите вештини во скијање, а воедно и да се дружат и забавуваат на ски патеките.

487580 4701754420187 183789475 n

 

 

На натпреварот, под менторство на професорот по спорт и спортски активности Блаже Велков, учествуваа: Трифунова Цветанка од 2-2 клас, Колев Васко од 2-2 клас, Тодоров Крсте од 2-2 клас, Попов Дејан од 2-6 клас, Ѓорчев Бојан од 1-4 клас, Мицев Петар од 1-7 клас, Ѓерѓев Илија од 4-1 клас, Стојанов Атанас од 4-1 клас и Делков Ристе од 3-2 клас.

556120 4637755616964 1719422517 n

И покрај лошите временски услови, сите наши ученици ја поминаа патеката предвидена за дисциплината велеслалом.

Иако, конкуренцијата беше доста силна, ученичката Трифунова Цветанка од 2-2 клас го освои второто место и се закити со сребрен медал, а останатите ученици добија дипломи за учество.

529357 535697486451456 1378209033 n

Се надеваме дека овој успех и натпревар ќе биде мотив и поттик за помасовно учествување на останатите ученици во сите спортови коишто ги организира Федерацијата на училишен спорт на Македонија.

526620 4637753496911 1127723059 n