Презентирани резултати од проектот „Читај и меѓу редови“


Објавено на: 18.04.2019

По шестмесечно реализирање на проектни активности од медиумска писменост, беше одржана завршна работилница на проектот „Читај и меѓу редови“ организирана од Фондација за локален развој и демократија Фокус Велес. Пред стотина ученици од Гимназиите во Велес и во Кавадарци, професори, директори, претставници на Граѓански здруженија и донатори, беа презентирани постигнатите резултати од проектот. Фондација Фокус ја исполни целта, помагајќи да се зголеми свеста кај младите за медиумска писменост и критички став. Преку проектот учениците се едуцираа за тоа што е вистинита а што лажна вест. Се запознаа со процесот на новинарската работа, излегоа на терен, снимаа, фотографираа, пишуваа и станаа дел од големото друштво на граѓански новинари. Учениците се интересираа за теми блиски на нивната возраст, но покажаа интерес и за секојдневните проблеми со кои се соочуваат нивните сограѓани, посакаа што поскоро позитивни промени за сите.

Учениците од Гимназијата Добри Даскалов Кавадарци подготвија осум видео стории за актуелни проблеми во градот кои ке се емитуваат на КТВ телевизија која е медиумски покровител на проектот.На завршната манифестација беа презентирани пред присутните и се дебатираше на тема „Читај ја вистината-оттргни се од лагата“. Учениците учесници во проектот добија и флаери со препораки да внимаваат и да проверуваат што читаат и каде читаат какви било информации и да не дозволуваат да бидат изманипулирани.

1

2

3

4