Присуство на ученици на предавање во Општина Кавадарци


Објавено на: 26.12.2018

На ден ‎17-12-2018 уцениците од гимназијата Добри Даскалов III година по предметот Географија беа во посета на општината каде што имаше предавање за урбанизацијата како светски процес. На ова предавање посебно се потенцираше за инфаструктурата во нашиот град, дивите градби, тесните улици, недостиг од зеленило и паркови, паркинг места итн. Учениците имаа голем интерес за оваа тема посебно со прашање до архитектите за новиот урбанистички план, каде и на кој дел од Кавадарци ќе се гради, но и последиците од прекумерна урбанизацијата која допринесува за загадување на нашата животна средина. Посетата беше реализирана со проф. по географија Фердинанд Чејков.

1

2