Реализиран Инфо-ден на Децата правобранители и нивните заменици


Објавено на: 15.02.2019

На ден 18.12.2018 година во училишниот хол на нашето училиште, децата правобранители Кристина Костадиновска и Ѓорѓи Ристов и нивните заменици Жанина Богевска и Стефан Стојанов реализираа Инфо ден преку кој ја промовираа нивната функција. Преку разговор, делење флаери и тефтерчиња како пропаганден материјал учениците за време на големиот одмор во двете смени се информираа што претставува функцијата Дете правобранител, како да ги остварат и заштитат нивните права во училиштето.

48413775 310854692972387 3972360465467572224 n

49135320 2212371618783417 5725366970946158592 n

48418146 925678711155440 174693980833841152 n

48909562 511583539325146 210853177354878976 n