Признание за конкурсот „Изрази се преку медиумите“


Објавено на: 17.05.2013

Високата школа за новинарство и за односи со јавноста, поддржана од Министерството за образование и наука објавија конкурс за најдобар средношколски медиумски производ „Изрази се преку медиумите“.

Средношколците на конкурсот можеа да аплицираат со есеј, фотоприказна или едноминутно видео на тема: „Можеш да придонесеш! Активирај се и помогни во заедницата“.

Медиумскиот производ требаше да предложи идеја или да даде пример како средношколците можат да се вклучат во локалната заедница преку различни волонтерски активности во и надвор од училиштето.

1

На конкурсот учество земаа учениците од гимназијата и аплицираа со есеј, фотоприказна и едноминутно видео под менторство на професорката по македонски јазик и литература Катица Манева и професорката по информатика Благородна Лазова.

Со есеј аплицираа следните ученици: Радица Цветкова од 2-1 клас, Фиданка Арсова од 2-1 клас, Емилија Јовановска од 2-1 клас, Павлинка Јовановиќ од 2-1 клас, Анастасија Лазова од 2-1 клас, Ѓорѓи Шемов од 2-3 клас и Цветанка Црљеница од 2-4 клас.

Со фотоприказна аплицираа следните ученици: Ѓорѓи Шемов од 2-3 клас, Цветанка Црљеница од 2-4 клас и Митко Ѓорѓиевски од 2-7 клас.

Со едноминутно видео аплицираше ученикот Крсте Тодоров од 2-2 клас.

2

На конкурсот беше пријавено и училиштето со апликација за едноминутно видео и две фотоприказни.

На 17 мај 2013 година (петок) во ЕУ Инфо центар во Скопје се организираше мултимедијална изложба на која беа објавени добитниците на стипендиите, наградите и признанијата од средношколскиот конкурс.

3

Настанот го отвори Дејан Андонов, координатор на проектот, кој им се заблагодари на сите присутни и на оние коишто учествувале на конкурсот, а воедно напомена дека стручното жири имаше навистина тешка задача околу изборот на наградените.

На изложбата присутните гости имаа можност да ја погледнат кратката презентација од сите пристигнати производи, а во салата на пет паноа беа изложени највпечатливите есеи и фотоприказни, меѓу кои на две паноа беа прикажани две наши фотоприказни.

4

Од вкупно 140 пристигнати медиумски производи од цела Македонија, беа доделени 10 стипендии, 1 лап-топ, 1 камера, 1 фотоапарат и 5 признанија за креативните вештини и талент во областа на медиумите и комуникациите меѓу кои и нашето училиште.

5

На сите учесниците и нивните ментори им ги честитаме освоените признанија на конкурсот и се надеваме дека и понатаму ќе продолжат со вакви учества на разни конкурси, а воедно ќе ги стимулираат и останатите средношколци да се вклучат што помасовно во заедницата.

6