Прослава на мирот


Објавено на: 30.04.2010

Тимот кој активно учествува и работи на „Проектот за Мир“, на 30 април присуствуваше на Годишното собрание во Скопје. Училиштето домаќин, „Здравко Цветковски“, приреди неколкучасовна програма, исполнета со музички перформанси, драма и игра. 


Учениците кои се вклучени во „Проектот за Мир“, во нашето училиште, и останатите средни училишта низ Македонија, ја прославуваа целосната реализација и успехот на мирот преку музика и стхови кои беа изведени на италијански јазик. 

Освен учениците од училиштето координатор, учество во програмата имаа и училиштата во кои се реализира проектот. На собранието присуствуваа и 20 ученици од Италија, кои заедно со своите професори-ментори ни зборуваа за нивните искуства во проектот.

Имавме можност да видеме како се работи на „Проектот за мир“ во другите училишта, и се вративме со нови идеи и желба за нови чекори и нивна успешна реализација.

ProslavaNaMirot

Заеднича фотографја на учениците кои на 30 април присуствуваа на Годишното собрание и имаа можност да разменат мислења, идеи и искуства: Поповска Ивана, Ѓорѓиева Елена, Кочова Росана, Коскарова Билјана, Милошевиќ Елена, Душкова Цветанка, Златева Бојана, Атанасова Ленче, Дукова Тијана, Љубица Костова и Дарко Златевски.