Под мотото „Израдувај некого” учениците од гимназијата спроведоа хуманитарна акција
Објавено на: 28.12.2017
Деновиве под мотото „Израдувај некого” учениците од гимназијата Добри Даскалов спроведоа хуманитарна акција. Со паричните средства се обезбедија новогодишни пакетчиња, играчки и облека кои се донираа во Малиот групен дом. На детската радост и немаше крај. Дружењето на учениците од гимназијата и дечињата продолжи со заедничка роденденска прослава на едно од дечињата.