Работилница на тема СТЕРЕОТИПИ со учениците од нашето училиште кои го изучуваат францускиот јазик


Објавено на: 13.05.2016

Во просториите на Гимназијата “Добри Даскалов” во петокот 06.05 2016 по повод Денот на Европа,9 Мај, волонтерите од КРЕАКТИВ, Фани (Франција) и Лука(Италија) одржаа работилница на тема СТЕРЕОТИПИ со учениците од нашето училиште од втора,трета и четврта година кои го изучуваат францускиот јазик.

IMG 7160

 IMG 7157

IMG 7158

Активноста беше изведена на француски јазик во координација со професорката Светлана Несторова-Мицев .

Поточно целта на активноста беше да се зборува за стереотипите во врска со различните земји-членки на Европската унија и нивните жителите ,дали стереотипите и општо прифатените клишеа ја даваат вистинската слика за нив.

Заклучокот беше дека сепак треба подобро да се запознаваме меѓу себе,да ги надминуваме

стереотипите и недовербата за да се изгради просперитетна Европа за идните генерации.

IMG 7161

IMG 7163

IMG 7164

IMG 7165