Работилница Женско претприемништво 19.10.2022 год. Општинска Сала Кавадарци

Во просториите на Општина Кавадарци на ден 19 ти Октомври 2022 година (среда) се одржа работилница за Женско претприемништво, на која работилница земаа учество учениците од економско – правна и трговска струка Економски техничар и Правен техничар од четврта година, во присуство на професор  М-р Жанета Делова. Целта на оваа работилница беше да се поттикнат младите за да основаат бизниси, да станат финансиски независни и да придонесат кон градење на конкурентно опкружување.   

На работилницата се дискутираше за женското наспроти машкото претприемништво, се прикажаа алатки и навики за градење на успешна жена претприемач, се прегледуваа модели на финансирање на меѓународно, регионално и локално ниво, се прегледуваа дигитални алатки за успешни меѓународни бизниси раководени од Македонија.  

Организатор на работилницата: Државна Агенција за поддршка на претприемништвото 

Работилницата ја изведуваа универзитетски професори и експерти од пракса: 

-Проф. Д-р Македонка Димитрова  

-Проф. Ирена Апелгрин