Продолжува соработката на нашата гимназија со гимназијата Curt Nicolin од Шведска


Објавено на: 19.10.2022

И оваа учебна година продолжува неколкугодишната меѓународна успешна соработка на Гимназијата „Добри Даскалов“ Кавадарци со Гимназијата „Курт Николин“ од Финспанг, Шведска. Имено, во периодот од 10. октомври до 14. октомври 2022 година десет ученици од нашата гимназија заедно со професорите Кочо Кочов – проф. по македонски јазик и литература и Зоран Милевски – проф. по информатика, беа во посета на гимназијата „Курт Николин“ од Шведска, заедно со ученици од други три средни училишта.

Минатата учебна година овие ученици учествуваа на заеднички проект со учениците од гимназијата „Курт Николин“ којшто се реализираше во нашиот град. По завршувањето на проектот учениците добија стипендии за размена и посета на училиштето во Шведска.

За време на посетата учениците се запознаа со наставните програми и начинот на кој што се изведува наставата во гимназијата „Курт Николин“. Исто така имаа можност да се запознаат со културата и културните знаменитости во таа држава.

Нашата соработка продолжува и понатаму. Учениците од гимназијата „Курт Николин“ во месец декември 2022 год., ќе реализираат посета на нашиот град и нашата гимназија и ќе продолжат да реализираат нови проекти.