Реализирани работилници и пренесено знаењето и искуството стекнати на интеркултурната размена во Троген, Швајцарија
Објавено на: 15.02.2019
На 14.02.2019 година се реализираа follow-up работилници во рамките на проектот „Имплементација на Конвенцијата за правата на детето во Македонија“ на Коалиција на младински организации СЕГА, подржан од детската фондација Песталоци.
Работилниците следат по реализираната 9-та по ред размена на наши ученици во Швајцарија кои во периодот од 04.12.2018 до 19.12.2018 година, учествуваа на интеркултурната размена во детското село Песталоци во Троген, Швајцарија.
Учениците учесници во размената Вероника Каровска, Драган Андреевски, Ѓорѓи Ѓиков, Иван Јосифов, Мартин Коцев, Марија Ристова, Марија Глигорова и Пане Досев и супервизор проф. по информатика м-р Зоран Милевски, пренесоа знаење и искуство кое што го стекнаа во Швајцарија на ученици од прва година од нашата гимназија.
Работилницате се реализираа во позитивна атмосфера, преку различни техники и игри учесниците научија како да преминат преку неуспех, како да ги почитуваат нивните вредности, дојдоа до заклучок дека треба да ја почитуваат својата личност без разлика како не гледаат другите.