Регионален натпревар по физика


Објавено на: 24.04.2010

На 24.04.2010 година се одржа Регионалниот натпревар по физика на Природно-математичкиот факултет во Скопје. Учествуваа учениците:

Петров Љупчо од I-4 клас, Лалков Васко од I-2 клас, Настова Олгица од I-3 клас, Митрев Дане од II-2 клас, Орешков Оливер од II-5 клас, Пецов Синиша од III-1 клас, Цуцулова Надица од III-4 клас и Мантева Емилија од III-4 клас. Ментори беа професорите по физика Ганчев Илија и Крстева Кристина. Ученикот Лалков Васко го освои второто место, а ученикот Петров Љупчо доби пофалница.