Републички натпревар по физика


Објавено на: 12.05.2010

На 08.05.2010 година во просториите на Природно-математичкиот факултет во Скопје се одржа Републичкиот натпревар по физика.

На натпреварот под менторство на професорите по физика Ганчев Илија и Крстева Кристина, учествуваа следните ученици: Петров Љупчо од I-4 клас, Лалков Васко од I-2 клас и Пецов Синиша од III-1 клас.

Ученикот Петров Љупчо го освои третото место, а ученикот Лалков Васко доби пофалница. На учениците им беа доделени дипломи и книги.