На 15.03.2024 година во просториите на нашата Гимназија „Добри Даскалов“ се одржа 11-от Регионален натпревар по биологија. На овој натпревар учествуваа нашите ученици од I, II и III година кои покажаа одлични резултати на Општинскиот натпревар и со тоа се пласираа за понатамошниот натпревар. Учениците уште еднаш покажаа дека сме меѓу најдобрите не само во регионот туку и пошироко. Од 13 ученици, 9 ученици се пласираа за Државниот натпревар кој ќе се одржи во втората половина на април месец. На нашите ученици им се заблагодаруваме на учеството и им честитаме за постигнатите резултати и освоените награди. Драги ученици, горди сме на вас.

Учениците ги постигнаа следниве резултати:
| Ред.бр |
Име и презиме на ученикот |
Година |
Награда |
Пласман за Државен натпревар |
Ментор |
| 1. | Божидар Давидовски | I | II | се пласира | Елизабета Иговска |
| 2. | Весна Давчева | I | III | се пласира | Елизабета Иговска |
| 3. | Благица Младеновиќ | I | III | се пласира | Елизабета Иговска |
| 4. | Елена Ризова | I | пофалница | – | Елизабета Иговска |
| 5. | Лара Росоманска | I | пофалница | – | Елизабета Иговска |
| 6. | Елена Илова | II | I | се пласира | Богде Коцева |
| 7. | Тијана Мајсторчева | II | II | се пласира | Богде Коцева |
| 8. | Александра Лазова | II | II | се пласира | Богде Коцева |
| 9. | Анастасија Ризова | II | III | се пласира | Богде Коцева |
| 10. | Ана Лазароска | II | пофалница | – | Богде Коцева |
| 11. | Цветанка Ристовска | II | пофалница | – | Богде Коцева |
| 12. | Марија В`чкова | III | I | се пласира | Елизабета Иговска |
| 13. | Тодор Пењушков | III | II | се пласира | Елизабета Иговска |
