Се одржа 11-от Регионален натпревар по биологија


Објавено на: 22.03.2024

На 15.03.2024 година во просториите на нашата Гимназија „Добри Даскалов“ се одржа 11-от Регионален натпревар по биологија. На овој натпревар учествуваа нашите ученици од I, II и III година кои покажаа одлични резултати на Општинскиот натпревар и со тоа се пласираа за понатамошниот натпревар. Учениците уште еднаш покажаа дека сме меѓу најдобрите не само во регионот туку и пошироко. Од 13 ученици, 9 ученици се пласираа за Државниот натпревар кој ќе се одржи во втората половина на април месец. На нашите ученици им се заблагодаруваме на учеството и им честитаме за постигнатите резултати и освоените награди. Драги ученици, горди сме на вас.

Учениците ги постигнаа следниве резултати:

 

 Ред.бр  

Име и презиме на ученикот

 

Година

 

Награда

Пласман за Државен натпревар  

Ментор

1. Божидар Давидовски I II се пласира Елизабета Иговска
2. Весна Давчева I III се пласира Елизабета Иговска
3. Благица Младеновиќ I III се пласира Елизабета Иговска
4. Елена Ризова I пофалница Елизабета Иговска
5. Лара Росоманска I пофалница Елизабета Иговска
6. Елена Илова II I се пласира Богде Коцева
7. Тијана Мајсторчева II II се пласира Богде Коцева
8. Александра Лазова II II се пласира Богде Коцева
9. Анастасија Ризова II III се пласира Богде Коцева
10. Ана Лазароска II пофалница Богде Коцева
11. Цветанка Ристовска II пофалница Богде Коцева
12. Марија В`чкова III I се пласира Елизабета Иговска
13. Тодор Пењушков III II се пласира Елизабета Иговска