Се одржа регионалниот натпревар по биологија


Објавено на: 21.04.2017

На 06.04.2017 година во Гимназијата ,, Кочо Рацин “во  Велес се одржа Регионалниот натпревар по биологија кадешто учествуваа и учениците од  нашето училиште. На натпреварот учествуваа вкупно 67 натпреварувачи,од СОУГимназија,,Кочо Рацин”,ССОУ ,,Димитрија Чуповски”од Велес и СОУ Гимназија,,Добри Даскалов “-Кавадарци. Ние учествувавме со  22 ученици  од I,II,III и IV година.  Под менторство на професор Богде Коцева, ученичката Анастасија Иловска од I-2 клас  го освои III-то место, а  Стефанија Николова од I-3 клас  и Ангела Ангелова од III-5, добија пофалници. Со пофалница се здоби и ученичката Александра Кадрова од II-4 клас , под менторство на професор Елизабета Иговска. Покрај наградените ученици на Државниот натпревар ќе земе учество и Марија Трајкова од II-3 клас.

Голема Благодарност за сите учесници кои учествуваа на Општинскиот и Регионалниот натпревар по биологија со желба за понатамошни успеси и постигање на подобри резултати.

natprevar-biologija