На ден 14.04.2016 (четврток) нашето училиште, во рамките на проектот за Меѓуетничка интеграција во образованието, оствари партнерска соработка со средното стручно училиште „Нико Нестор” од Струга. Оваа средно училиште е мултикултурен центар во кое ученици од повеќе етнички заедници можат да добијат образование кое го посакуваат.
На оваа средба меѓу директорите на двете училишта г-ѓа Невенка Поп Ангелова и г-дин Никола Јатуроски беше потпишан меморандум за меѓусебна соработка како партнер училишта во рамките на проектот МИО. Во активностите учество зедоа 30 ученика заедно со нивните ментори. Работилницата се одвиваше во неколку фази. Прво преку видео презентации се претставија двете училишта, потоа учениците се вклучија во подобро меѓусебно запознавање – на албански и на македонски јазик.
Во следната фаза учениците во мешани групи имаа задача да ги напишат правилата на денешното дружење и план на активностите. Главната активност беше учениците во мешани групи да ги посетат најзначајните обележја на Струга, црква, џамија, музеј, дом на култура, традиционална албанска кујна и други обележја, да ги фотографираат и како финален продукт по средувањето и селектирањето на фотографиите, а потоа по електронски пат да ја продолжат соработката со учениците од албанската националност и да ја дадат конечната форма на проектот.
На тој начин се продолжува комуникацијата меѓу учениците и нивнито дружење се продлабочува. Со оваа посета учениците се запознаа со една друга култура, склучија нови познанства и ги разбија предрасудите кај нив – доколку постоеле. Голема благодарност до целото раководство и директорот на училиштето Нико Нестор, кои ја овозможија оваа заедничка средба кои се покажаа како вистински домаќини.