„Стани Гимназијалец“ – презентација за полуматурантите


Објавено на: 17.05.2017

На 16.5.2017 год. (вторник) во Домот на културата „Иван Мазов – Климе“ во Кавадарци пред учениците од деветто одделение од Кавадарци и Росоман беше направена презентација на гимназијата под мотото „Стани Гимназијалец“.

На овој настан учениците полуматуранти беа запознати со наставните планови и програми на гимназијата, како и наставните методи и вонучилишните активности преку кои учениците го доусовршуваат своето знаење. Презентирани беа успесите од учествата на натпревари, освоени наград, признанија.

Стани Гимназијалец им порачаа гимназијалците на идните средношколци – на прагот сте на вистинската животна одлука, затоа размислете добро и одберете правилно…

На презентацијата беше изведена и средношколска претстава „High School Musical“ која освои високи награди на меѓународни наптревари.

На крајот учениците беа поканети да присуствуваат на отворениот ден кој ќе се одржи на 23 мај (вторник) од 10 до 12 часот во гимназијата.

Photo 5-16-17 12 04 22 PM

Photo 5-16-17 12 49 19 PM

Photo 5-16-17 12 12 52 PM

Photo 5-16-17 12 16 43 PM

Photo 5-16-17 12 17 18 PM

Photo 5-16-17 12 21 02 PM

Photo 5-16-17 12 21 15 PM

Photo 5-16-17 12 24 29 PM

Photo 5-16-17 12 32 09 PM

Photo 5-16-17 12 41 32 PM

Photo 5-16-17 12 42 23 PM