Тестирање за матурантите


Објавено на: 08.03.2010

Бизнис Академија Смилевски – БАС во соработка со Високата школа за новинарство и за односи со јавноста и Центарот за образование на возрасни, поддржано од Министерството за образование и наука, им овозможија на учениците – матуранти од СОУ Гимназија „Добри Даскалов“ Кавадарци да пополнуваат бесплатни тестови за кариерна успешност пред да го направат вистинскиот избор на запишување во високообразовна институција.

TestiranjeMaturanti

МОКУ (матрица на очекувана кариерна успешност) претставува комбинација од двата светски признати прашалника за утврдување на предиспозиции и преференции кои се засноваат на научните методи:

• МБТИ Индикатор на личноста, со кој се мери она што се сака и
• Инструментот на професорот Хауард Гарднер за мултипла интелигенција, со кој се 
мери тоа што се може.

Со ова учениците – матуранти ќе дознаат во која од вкупно 168-те професии во државата можат да бидат најдобри. Пополнувањето на прашалниците е едноставно, без било какви претходни подготовки. По обработката на податоците матурантите ќе добијат едноставна, сеопфатна и прегледна табела со професиите за кои имаат предиспозиции и афинитети, но и професиите за кои не поседуваат вештини. Резултатите се строго доверливи, ќе бидат достапни само за ученикот кој се тестирал, а ќе пристигнат на домашна адреса или лична е-маил адреса. Пополнувањето на тестовите беше доброволно и се спроведе од страна на стручните соработници, психолог Душанка Иванова и педагог Јасминка Иванова во периодот од 1. 03 до 5. 03 2010. Тестирањето заврши успешно, прашалници пополнија 117 матуранти и истите беа испратени во Скопје за обработка.
TestiranjeMaturanti2