Убаво е да си средношколец. Посебно кога соништата се остваруваат. Еден сон стана реалност.

Пред преполната сала во Домот на културата „Иван Мазов-Климе“ гимназијалците го промовираа својот најнов проект, првонаградениот филм на државен натпревар „Роза на асфалтот“ во режија на Димитри Тодоров под менторство на проф. Васка Петкова.

Моќните зборови на ораторите никого не оставија рамнодушен. Проекцијата на филмот и обраќањето на сите учесници кои работеа зад камерите, на музиката во филмот, главните актери и режисерот направија една успешна приказна која долго ќе се раскажува и ќе биде инспирација за сите ученици.

Под хуманитарниот слоган – Гимназијалците за својот гимназијалец, собраните парични средства, како и добиените парични средства од наградата за филмот ги донираа за лекување на Бошко Јанкулов.