Ученици од Гимназијата “Добри Даскалов“ водичи на патувачката изложба “Ана Франк – Историја за денес“


Објавено на: 21.05.2016

Во вторникот на 10 мај во просториите на Музеј- Галерија Кавадарци беше отворена изложбата “Ана Франк – Историја за денес“ во соработка со невладината организација Младински Образовен Форум од Скопје, Музеј-Галеријата и Гимназијата “Добри Даскалов“ од Кавадарци. Овој настан донесе нешто ново и интересно за учениците од нашата гимназија, бидејќи самите ученици учествуваа во свеченото отварање, но и за време на престојот на изложбата во нашиот град тие ќе имаат улога на водичи низ изложбата за сите групни и поединечни посети.

IMG 20160510 181923

Единаесет ученици од нашето училиште: Димов Благој, Крстев Тодор, Ристова Емилија, Мурџева Милица, Ајтов Христијан, Видиков Оливер, Галабова Сава, Настовски Мартин, Милкова Вероника, Манџиковска Пепита и Гергев Ангел под менторство на професорите по историја Наташа Матакова и Мики Камчевски посетија дводневна обука. Учениците поминуваат едукација на различни теми врзани со изложбата, од холокаустот до тоа како да се однесуваат во осетливите ситуации што би можеле да им се случат во текот на водењето на изложбата. Учениците, исто така, вежбаат како јавно да настапуваат и како да се носат со посетителите што го попречуваат водењето.

image-79034cc0e42cfb8c58f98dc7b3c74cd4a285cff3b81df7c5982f33ed46c43339-V

Патувачката изложба „Ана Франк – Историја за денес“ досега е посетена од повеќе од пет милиони луѓе во четириесетина држави.Изложбата е една од најпознатите светски едукативни изложби на темата за холокаустот и за човековите права. Осмислена е во средината на 90-тите години на 20 век бидејќи повеќето луѓе не се во можност да ја посетат Куќата на Ана Франк во Амстердам и да го видат местото на кое се сокривале Ана Франк и уште седуммина домашниод нацистите во текот на две години, од 1942 до 1944.

image-2ef60ca859113bf43b4b1565658fca0c1c38438c404851666a37d97ed42daa7d-V

Изложбата е составена од повеќе плакати поставени на ѕид. Во текот на годините Куќата на Ана Франк, заедно со разните партнерски организации во дел од светот, има произведено мноштво помошни материјали за да ги приближи што подобро темите на изложбата до публиката. Едукативниот пристап на изложбата го користи животот и приказната на Ана Франк како појдовна точка на разговор за темите на толеранцијата и дискриминацијата во многу поширок контекст. Клучните поими што ја насочуваат изложбата се критичкото мислење, врсничката едукација, како и контекстуализацијата на историјата.

image-e9c921ef006015fb0b725196b907c7cbef9e05989b5713d8ba6f2549a6bf89f9-V