Учениците во посета на адвокатска и нотарска канцеларија
Објавено на: 09.04.2019
На ден 14.03.2019 год, учениците од клас ll 7, при СОУ “Гимназија Добри Даскалов” од Кавадарци, во рамките на наставните часови по наставниот предмет” Практична Настава” со предметниот наставник Татјана Ралевска ја посетија Адвокатската канцеларија на Адвокат Милица Коцева, каде имаа можност да се запознаат со дел од дејствијата поврзани со образување на судски предмет. Учениците имаа можност да се запознаат и со одредени дејствија кои се превземаат за спречување на малолетничката деликвенција. Потоа учениците ја посетија и Нотарската канцеларија на Нотарот Ристо Самарџиев, Нотар овластен за подрачјето на Општина Кавадарци. Нотарот детално ги запозна учениците за работите поврзани со нотаријатот и неговите овластувања. На крајот, учениците ги осознаа разликите и сличностите помеѓу Адвокатурата и Нотаријатот.