Учество на фестивалот „Бидете креативни, бидете интерактивни, бидете интеретнички“


Објавено на: 20.02.2017

Реализираните резултати од повеќе креативни работилници од проектот на УСАИД за меѓуетничка интеграција во образованието беа претставени на Фестивалот на изведувачки уметности и добри практики „Be creative, be interactive, be interethnic”, кој се одржа на 18 февруари 2017 година (сабота) во Младинскиот културен центар во Скопје.

Беа прикажани пет театарски претстави од страна на ученици од училишта од Крушево, Тетово, Свети Николе, Радовиш и Гевгелија.

Нашето училиште претходниот пат се претстави со театарска претстава, а овој пак учествуваше со дополнителни активности и изложба на продукти од креативните корнери, изработени од средношколци. Во овој дел нашите ученички од прва година Емилија Анѓушева и Добринка Сотирова заедно со професорите Кочо Кочов, Гордана Еленова и Зоран Милевски подготвија посебен штанд каде што беа изложени продукти изработени како дел од креативните корнери.

Photo 2-18-17 10 40 31 AM

 Photo 2-18-17 10 39 16 AM

Photo 2-18-17 10 34 27 AM

Овој фестивал има за цел да биде практичен и добар пример на оние кои сакаат на креативен начин да работат со младата генерација. Рамката на работа која се употребуваше во креативните процеси во овој проект, може да функционира како насока за слични иницијативи и во иднина. Фестивалот е наменет на оние кои веруваат во креативноста и во користењето на уметноста како потенцијал кој може да го придвижува општеството во позитивни насоки.

Фестивалот се организира во рамки на Проектот на УСАИД за меѓуетничка интеграција во образованието, кој го имплементира Македонскиот центар за граѓанско образование (МЦГО), заедно со партнерската организација Центар за изведувачки уметности „Мултимедиа” од Скопје.

Photo 2-18-17 1 34 50 PM