Учество на Извиднички караван


Објавено на: 05.06.2018

На ден 04.06.2018 ученици од СОУ Гимназија “Добри Даскалов” – Кавадарци присуствуваа на Извиднички караван кој се оддржа во рамките на Сојузот на извидници на Македонија кој функционира во сите региони на државата и обединува повеќе од 2000 млади. Нашите ученици во присуство на професорите Александар Јорданов, Елизабета Бошкова, Татјана Ралевска и Жанета Делова ги следеа активностите од делот на Стреличарство, Чаталарство, Изучување на јазли, Подготовки на извиднички десерти, Подигање на мини извиднички логори, Извидничка игра и Дефинирање на скриени пораки. Учениците беа воодушевени како од самите активности, така и од пријатниот амбиент во природа што го нуди “Градскиот парк” – Кавадарци

Photo 6-5-18 14 21 17

Photo 6-5-18 14 21 14