Од 9 до 11 февруари 2017 год. во Белград се одржува меѓународна конференција „Нови технологии во образованието“ во организација на Британскиот совет.
Оваа година присутни се повеќе од 6500 учесници од Југоисточна Европа, а покрај квалитетната конференциска програма присутна е и богата саемска понуда на најсовремена информатичко комуникациска технологија – ИКТ .
Професорите од гимназијата „Добри Даскалов“ Кочо Кочов и Зоран Милевски присуствуваат на оваа конференција, а потоа со дисеминација со останатите вработени ќе ги пренесат и споделат најновите искуства стекнати овие денови за да се применат за поедоставно совладување на материјалот и постигнување на подобри резултати.
Претставници од нашето училиште секогаш присуствуваат и ги следат најновите трендови и случувања во образовниот процес како во земјата, така и во странство. Директорката на училиштето Невенка Поп-Ангелова максимално се залага за осовременување на наставата и опремување на училниците со најсовремена технологија, како 3Д уреди, интрактивни монитори и табли, иновативни образовни софтверски решенија, онлајн колаборациска соработка помеѓу професори од сродни предмети од различни земји за подобрување на наставниот процес.
Континуираната едукација на наставниот кадар, постојаното следење на најновите трендови во образованието, осовременувањето на средината за учење, секогаш даваат подобри резултати, а со тоа нашето училиште е водечко во градот и регионот, а едно од најдобрите во државата и пошироко.