Училиштен натпревар по биологија


Објавено на: 06.05.2014

На 30.04.2014 година во гимназијата се одржа Училиштниот натпревар по биологија за учениците од прва, втора, трета и четврта година. На натпреварот се пријавија вкупно 28 ученици кои постигнаа солидни резултати.

Учествуваа следните ученици од прва и трета година под менторство на проф. по биологија Елизабета Иговска:

Драгана Крстевска од 1-5 клас, Васил Митревски од 1-4 клас, Марија Коцева од 1-5 клас, Ѓурѓица Панова од 1-2 клас, Сава Галабова од 1-5 клас, Благој Димов од 1-2 клас, Викторија Крстева од 1-4 клас, Ангела Ридова од 1-1 клас, Сара Балова од 1-5 клас, Благица Ставрова од 1-4 клас, Емилија Стојанова од 3-3 клас, Фиданка Арсова од 3-1 клас, Мирјана Тасева од 3-1 клас и Павлинка Јовановиќ од 3-1 клас.

Од втора година под менторство на проф. по биологија Богде Коцева, учествуваа следните ученици: Симона Богева од 2-1 клас, Александра Пенчева од 2-4 клас, Наташа Андова од 2-1 клас, Душица Делова од 2-5 клас, Душко Касапинов од 2-4 клас, Андријана Стојановска од 2-2 клас, Андријана Рамнешова од 2-2 клас, Митко Ѓорѓиев од 2-4 клас, Дијана Пејовска од 2-5 клас, Сара Николовска од 2-3 клас, Мери Чоклева од 2-5 клас, Кристина Ташева од 2-4 клас, Кристина Грозданова од 2-2 клас и Ирина Ангеловска од 2-2 клас.  

За учество на Регионалниот натпревар којшто ќе се одржи на 10 мај 2014 година во Велес, се пласираа следните ученици: Драгана Крстевска, Васил Митревски, Ѓурѓица Панова, Сава Галабова, Благој Димов, Симона Богева, Александра Пенчева, Наташа Андова, Душица Делова, Душко Касапинов, Емилија Стојанова, Фиданка Арсова, Мирјана Тасева и Павлинка Јовановиќ.

На сите ученици и нивните ментори им посакуваме многу среќа и постигнување високи резултати на Регионалниот натпревар.